СЕ НИ Е ЈАСНО: Зошто се дебелееме кога престанеме да пушиме?

Добивај вести на Viber

Со пушењето се зголемува физичката активност и се намалува внесувањето на храна, а со престанување се добива спротивен ефект. Пушачите во просек имаат помалку килограми од непушачите, а влијанието на никотин на метаболизмот е комплексно.

Претпоставката е дека никотинот го зголемува влијанието на лептин и грелин, што резултира со намален апетит.

Лептинот е полипетид кој се произведува во масното ткиво. Концентрацијата на лептин ја одржува количината енергија која е складирана во масното ткиво, а нивото на циркулирачки лептин го следи внесувањето на калории и директно е пропорционална на количината масно ткиво.

Грелинот е хормон кој го стимулира апетитот, а се работи за полипетид кој се произведува во желудникот. Тој заедно со рецепторот се наоѓа во целото тело и на тој начин влијае на многу телесни функции.

Влијанието на грелинот го потискува никотинот и го зголемува влијанието на лептинот, што за краен резултат го има намалувањето на апетитот, а никотинот влијае на симпатичкиот нервен систем, што за резултат дава зголемено ниво на адреналин и забрзување на метаболизмот.

Со престанување на пушењето се зголемува апетитот и се опоравуваат рецепторите за вкус на јазикот, поради што личноста која престанала да пуши подобро го чувствува вкусот на храната.