Се офарбавте во погрешна нијанса: Маска која ќе ја отстрани непосакуваната боја

Добивај вести на Viber

Сте се одлучиле да се фарбате? А нијансата ви испаднала премногу жолта или темна? Не грижете се, постои домашен „рецепт“ кој ја отстранува бојата за коса и што е најважно не е штетен за косата.

Рецепт за маска за отстранување на бојата на косата: 

- 3, 4 лажички шапмон за коса

- 10 – 15 таблети витамин Ц

- 1 лажичка вода

- Сода бикарбона

Рецепт за шампон по маската: 

- 2 лажички сода бикарбона

- 2 лажички шампон

Подготовка:

1.Таблетите витамин Ц направете ги прав со лажичка

2. Во шолја ставете шапмон, додајте ги таблетите и додајте малку вода

3. Се добро измешајте, додека не добиете беж смеса

Примена:

4. На мокра коса, исушена со пешкир, темелно додајте ја смесата.

5. На косата ставете фолија и оставете да делува околу 1 час.

6. Потоа косата два пати измијте ја со сода бикарбона и шампонот за коса