Се огласи јутјуберот Лазаров по објавата на Хелсиншкиот комитет за човекови права: Жално е што се дига хајка и се оцрнува моето име
Пред четири дена на Јутјуб канал на јутјуберот Стефан Лазаров во живо неговите следбеници можеа да го проследат подкастот во кој гостин му беше познатиот новинар Драган Павловиќ Латас.
Ова видео за само четири дена собра повеќе од 57.000 прегледи, а содржината предизвика вистинска бура од коментари.
Мислењата на јавноста се поделени, а по објавувањето на подкастот се огласи и Хелсиншкиот комитет, кој го осуди интервју со Драган Павловиќ - Латас, особено делот каде што зборува за неговото прво сексуално искуство.
Во видеото во продолжение, спорниот дел може да го слушнете 15:02 минута.
Оваа негова изјава, како и реакцијата на јутјуберот Лазаров наидоа на осуда од страна на Хелсиншкиот комитет. Во целост ви го пренесуваме нивниот став:
„Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство. Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно. Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.
Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи" и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки. На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство.“
На сево ова, свој одговор даде и јутјуберот, кој е и автор на подкастот, кој посочи дека е дига хајка против него“.
фото: Принтскрин / Инстаграм