Се огласи постара жена со која ПРИНЦОТ ХАРИ ИЗГУБИ НЕВИВИНОСТ: Еве која е ТАА и како изгледа! „Нашата врска траеше 5 минути и вака помина“
Тоа беше страсна средба на двајца пијани - и сосема веројатно непромислени - познајници кои го напуштија пабот за да испушат цигара и на крајот се искачија преку оградата за да водат љубов на ливадата, каде што беа заштитени од погледот со густа жива ограда.
Еве како принцот Хари ја загуби невиноста во јули 2001 година; за кој светот не би знаел ништо, доколку тој не открил дел од интимните детали во неговите нови, експлозивни мемоари „Спар“, пишува „Дејли мејл“.
Хари призна дека во светот на возрасните го вовела една „постара жена“, како што ја опишал, која го третирала како „млад пастув“. Војводата од Сасекс не ја именуваше жената за која станува збор, но затоа таа самата се огласи до медиумите за да ја каже својата страна од приказната. Станува збор за 40-годишната Саша Волпол, која го познава принцот уште од детството, додека се грижела за коњите на имотот на кралот Чарлс во Глостершир.
Таа за британските медиуми откри дека Хари го направил првиот потег, што резултирало со нивниот „спонтан секс полн со искри“. Таа вечер Саша го покани 16-годишниот Хари во паб за да го прослави нејзиниот 19-ти роденден. Во еден момент провалиле во блиската ливада за да испушат цигара и да излезат од видното поле на телохранителите на Хари. "Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Двајцата знаевме што ќе се случи. Брзо преминавме од бакнување до тркалање на трецата. Тоа беше момент, огнен, експлозивен, меѓу двајца пријатели. Беше наелектризирано, особено затоа што не требаше да го направиме тоа. Тој не беше принцот Хари за мене, тој беше Хари за мене, мојот пријател, со кој работите излегоа од контрола. Бевме палави, претпоставувам, во смисла дека не треба се случи“, почна таа да ја раскажува приказната Саша, а потоа додаде: „Не сакавме да го направиме тоа. Не беше со предумисла и не знаев дека е невин. Изгледаше дека знаеше што прави. Беше брзо, диво, возбудливо. И двајцата бевме пијани. Да не бевме не, тоа немаше да се случи“.
Во своите мемоари, Хари напишал како брзо завршила оваа врска, по што Саша го плеснала по задникот и го „испратила на пасиште“. Денеска Саша истакнува дека овој опис ја насмеал. „Не ми пречи да го каже тоа затоа што не беше многу грандиозно, нели? Бевме пијани и имавме секс на поле“, прокоментира таа, а потоа се сети дека навистина го плеснала по задникот.
"Тоа е неговата смисла за хумор. Ние всушност бевме на полето, каде што престојуваат коњите, па тој тоа го протолкуваше на хумористичен начин. Неговиот опис е точен, бев шокирана кога видов колку е искрен. Не сум навредена. Малку го стиснав за задникот тврд како праска. Не знам зошто го напиша тоа за пастуви,мислам дека беше повеќе затоа што работев со коњи. Беше млад. Дури кога ќе пораснете ги разбирате овие работи. Тоа беше навистина момент на страст“, заклучи таа.
Оваа средба беше и крај на пријателството на Саша со Хари, тие никогаш повеќе не се слушнаа ниту се допишуваа, иако претходно често излегуваа заедно да пијат. Таа истакнува дека никогаш не била повредена, туку дека тоа лето го доживеала како крај на едно поглавје од нивниот живот. Набрзо почнала да се дружи со група пријатели чија страст биле моторните спортови, па така го запознала Иан, човекот кој сега е нејзин сопруг. Денес живее со него и води сопствен бизнис - копа темели за тераси и патеки.
Извор: Жена блиц
фото: инстаграм