Таткото на девојчето од Штип со коронавирус со апел: Престанете со дезинформации и говор на омраза

Драганчо Златанов, таткото на четиригодишното девојче, кое е првиот пациент со Ковид 19 на Инфективното одделение се јави од Англија и за МИА информираше дека неговото дете и сопруга во земјава се пристигнати на 14 март без никакви симптоми на болеста. Тој забележува дека доколку неговото дете и сопруга имале какви било симптоми ќе останале во Англија, а не да дојдат во земјава и да го загрозат здравјето најпрвин на потесното семејство, а потоа и на сите останати околу нив.

-Одговорно ви тврдам дека од градинката во Англија добивме е-маил во вторникот, во којшто не известуваат да се прегледаме, бидејќи имаат регистрирано случај на заболен родител на дете во градинката, каде што беше згрижена и мојата ќерка. Моето дете не е дојдено од Англија со симптоми, како што тврдат одредени медиуми или како што ги гледам коментарите на социјалните мрежи. Ние сме британски државјани и имаме здравствено осигурување и во Англија. Револтиран сум што секакви дезинформации има околу нашиот случај, вели Златанов.

Побара да престанат дезинформациите, шпекулациите и говорот на омраза за и околу нивниот случај. Тој за МИА вели дека откако ја добиле електронската пошта од градинката веднаш неговата сопруга побарала да се тестираат во Центарот за јавно здравје-Штип.

Целиот текст прочитајте го на МИА.