Се омажи девојката со крилја: Невестата највесела во бела венчаница, младоженецот во елегантен костум
Сликарката и шампионка во паратаеквондо, Дејана Бачко, е родена без раце, а одамна ја избра борбата како модел на однесување и стана предмет на восхит на многумина.
Дејана и нејзиниот партнер Марко Нежиќ неодамна станаа родители на девојче кое го крстија Лара, што доаѓа од грчкиот јазик и значи победа.
Имено, Дејана на својот Инстаграм профил објави слика од венчавката со избраникот, а честитките не престануваат да се слеваат.
„Со љубов и благослов влеговме во ново поглавје заедно“ – напиша Дејана која блесна во венчаницата и со прекрасен букет бели цветови, додека младоженецот беше во сив елегантен костум, а ќеркичката позираше со нив во црквата.
Да потсетиме, Дејана се породи пред една година и потоа на својот Инстаграм профил кој има повеќе од 87 илјади следбеници сподели фотографија со својата ќерка, а насмевката зборуваше за нејзината среќа и гордост.
- Боже, ти благодарам за овој подарок - напиша таа со објавата, по што коментарите само продолжија да доаѓаат.
Инаку, Дејана иако има хендикеп, таа нормално ги извршува сите секојдневни обврски, а со следбениците често споделува како слика, патува и тренира.
Бидејќи е родена без раце, научила како да го користи своето тело на поинаков начин во споредба со другите, па на пример со прстите држи четка за бојадисување.
Фото: Инстаграм