Се откажала од докторската диплома за да биде домаќинка: Чисти дома и готви, а за тоа добива џепарлак

Добивај вести на Viber

Гордата домаќинка Линда Андраде (23) смета дека има повеќе среќа од многу жени кои се успешни во бизнисот бидејќи никогаш во животот не платила сметка.

Имено, инфлуенсерката од Дубаи е во брак со богатиот бизнисмен Рики од Дубаи и се‘ што прави е максимално да ужива во животот.

Често покажува како ужива во луксузните одмори на скапи дестинации, како троши илјадници евра на дизајнерска облека и вози скапи автомобили. А за возврат, оваа 23-годишна девојка е сопруга која останува дома, готви и чисти кога слугинката не е наоколу.


- Верувам дека модерните врски во кои се‘ се дели пола-пола се несреќни. Тоа не е природно – рече таа.

Линда добива џепарлак од нејзиниот сопруг, кој наводно заработува околу 125.000 фунти месечно (142.000 евра).

- Никогаш во животот не сум платила сметка. Не знам ни како би ја платила киријата – рекла таа.


Но, семејството на инфлуенсерката изрази загриженост за нејзиниот начин на живот. Таа се откажа од соништата да стане доктор за да се омажи на 19 години, што е контроверзен избор за нив.


- Татко ми сака да направам нешто со мојот живот. Секогаш сакаше да бидам доктор и тоа беше и мојот сон. Но, во моментов сум фокусирана на мојот брак. Потребна е голема доверба во врската за да се откажете од соништата и да се откажете од се‘ за да се грижите за мажот – вели Линда.


Засега, Линда изгледа задоволна од нејзиниот раскошен начин на живот. Таа на социјалните мрежи објавува снимки од нејзиниот секојдневен живот, кој обично вклучува одење во трговски центар или одење во луксузни ресторани. - Кавијарот и тартуфите се буквално мојата единствена храна овие денови - се пофали таа во едно неодамнешно видео.

Во друго видео таа откри како на само едно шопинг патување „фрлила“ околу 160.000 фунти (182.000 евра), пишува Daily Star.


Фото: Инстаграм