Се отвори Музејот на Илузии - Илузиум

Добивај вести на Viber

Денеска се отвори Музејот на Илузии - Илузиум, кој го вброи Скопје како град на една најголемите светски музејски атракции. Овој музеј ќе придонесе да се зголемат забавните содржини  на градот и несомнено ќе биде придонесе за развој и на туристичката понуда на домашните гости но и несомнено голем интерес и од странските туристи.

Илузиум, Музејот на Илузии има три спрата и е еден од најголемите во Европа, со најмногу инсталации кој нуди незаборавно визуелно и сензуално искуство на погрешно толкувана перцепција. Место што мами и каде реалноста е испревртена.

Музејот кој е сместен во срцето на градот е проткаен низ мноштво различни соби, галериски експонати, реквизити и кафе бар со сувенирница и претставува место за забава на сите возврасти но воедно и место за организирање на различни настани. Колку на градот му се потребни вакви места говори фактот дека сеуште неотворениот Музеј на Илузии на социјалните медиуми веќе има преку 2.000 подржувачи.

На денешното официјално отворање на Музејот Илузиум пред новинарите и гостите говореа  Г-ѓа Благица Илиќ, ПР на Музејот на Илузии која говореше за Музејот и можноста посетителите да уживаат во процес на губење на гравитација, почувствуваат страв во лифтот без дно или можеби извртена перцепција во превртени соби како и директорот на Агенција за промоција на туризам на РМ, Г-дин Љупчо Јаневски кој ја потенцира важноста на вакви објекти за развојот на туризмот во Државата по што беа отворени портите на Музејот за посетители.