Се ожени братот на Новак Ѓоковиќ: Раскошна венчавка во црква, невестата и младоженецот изгледаат преубаво
Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе денеска се венча во црквата Свети Марко со својата девојка Сашка Веселинов
Ѓорѓе Ѓоковиќ, најмладиот брат на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска се венча со својата свршеница Сашка Веселинов во црквата Свети Марко во Белград.
На црковната венчавка присуствуваат само најблиските членови на семејството, а невестата изгледаше како вистинска принцеза во бела раскошна венчаница.
Малиот Стефан, синот на Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание. Тој одлично се забавуваше и играше цело време, додека Јелена не се одвојуваше од него и од Тара.
Имено, како што пишуваше, на поканите пишувало дека гостите ќе бидат информирани за локацијата час однапред, а пишувало и дека венчавката ќе се одржи некаде во Црна Гора.
- Сè е во тајност. Во поканата пишува дека еден час пред свадбата на гостите ќе им биде соопштена тајната локација на венчавката. Никој не знае каде ќе биде прославата, се знае само дека тоа е Црна Гора - вели добро информиран извор.
Да потсетиме, Сашка Веселинов е модел и инфлуенсер, додека Ѓорѓе е успешен млад бизнисмен. Тие двајца за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ открија дека неофицијално живеат заедно уште од првиот ден на врската и дека после 20 дена отишле заедно на море.
Извор: www.blic.rs