Новак ќе стане чичко: Ѓорѓе Ѓоковиќ го очекува првото дете со вереницата Сашка, која ја запроси пред неколку денови

Вереницата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, Сашка Веселинов е бремена!

Братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе и неговата вереница Сашка Веселинов ќе станат родители за првпат!

Водителката и модна дизајнерка е во блажена состојба, а пред да стане мајка ќе се омажи за Ѓорѓе на церемонија која ќе се одржи на 12 септември, пишува Мондо.

Најмалиот брат на Новак Ѓоковиќ ја запроси својата девојка на Калемегдан: По една година врска, Сашка Веселинов кажа „ДА“ (ВИДЕО)

Добрата вест за новиот член во семејството Ѓоковиќ доаѓа само неколку дена по свршувачката на парот на Калемегдан.

Да потсетиме, Ѓорѓе Ѓоковиќ реши да ја запроси својата девојка Сашка Веселинов. Тоа го направи на многу убав и романтичен начин, на познатата белградска тврдина.

извор:GLOSSY