Се подготвуваат нови рестриктивни мерки: Недела да биде неработен ден, кафулињата да работат до 22 часот
По вчерашната втора рекордна бројка од 225 новозаразени од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Македонија, Фактор дознава дека Комисијата за заразни болести ќе излезе со неколку нови препораки до Владата во понеделник.
Викендов членови на Комисијата прават анализи за начинот на кој што се пренесува корона вирусот, поради што може да дојде до ескалација на епидемиолошката состојба.
-Прво дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму, практично секаде каде што има голема концентрација на луѓе, а речиси никој не ги почитува мерките за заштита од корона вирусот. Ние навистина дозволивме угостителските објекти да работат од економски аспект, но ова повеќе нема никаква смисла, сè е претерано, и нормално е да имаме рекордни бројки на новозаразени. Еве, токму синоќа во локал во Драчево имало присутни повеќе од 2.000 луѓе. Гостувал некој пејач од Србија. Навистина не знам со кој памет се прави сето ова. Затоа нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати, вели изворот на Фактор.
Освен тоа, како што потенцираше тој, на состанокот в понеделник ќе биде предложено и тоа, в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.
Целиот текст продолжува на Фактор.мк