Се појави видео од Рада Манојловиќ како паѓа од бината! Се огласи и пејачката

Рада Манојловиќ синоќа доживеала сериозен пех на настапот во Врњачка бања, кога при качување на бината паднала и ги повредила двете колена, поради што реагирала Итната помош. Пејачката денеска проговори и објави видео од падот.

Рада настапувала на настанот „Врњачка музичка ноќ“ кога пред почетокот на настапот паднала покрај бината висока повеќе од еден метар и ги удрила колената.

Како што може да се види на видеото кое пејачката го објави, обезбедувањето веднаш ја подигнало, но таа сепак е тешко повредена.


- Па, мислам, дознав колку сум висока - напишала Рада која откако ѝ била пружена помош приредила незаборавен настап.


Фото: screenshoot

Видео: ТикТок

Не треба да се соблечам гола за да привлечам публика: Рада мета на критики поради нејзиниот изглед