Се појави во тажна прилика, не се дели од Вељко: Како изгледа Богдана Ражнатовиќ во третата бременост? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Богдана Ражнатовиќ не е често во јавноста бидејќи повторно е бремена, а сега се појави со сопругот

Богдана Ражнатовиќ е бремена по трет пат, а третиот син го чека со сопругот Вељко Ражнатовиќ, како што тој гордо објави на социјалните мрежи.

Убавата трудница не е често видена во јавност, со оглед на тоа што за разлика од остатокот од семејството, таа не се експонира и најмногу сака да ги чува интимните делови за себе, па ретко ја гледаме надвор од семејната вила, па така беше и сега.

Имено, на Новите гробишта семејството одбележа помен, односно 24 години од смртта на Жељко Ражнатовиќ Аркан, на кој присуствуваше и Богдана.

Фотографиите може да ги видите ТУКА

Таа се појави во друштво на сопругот Вељко, а тука беа и нејзината свекрва Светлана, како и нејзината сестра Лидија и Анастасија Гудељ.

View this post on Instagram

A post shared by (@veljkoraznatovicfan10)


Богдана добро ја носи бременоста, а да потсетиме, вториот син го роди во април 2023 година.

Извор: glossy.rs