Се породи блогерката Стефанија Несторовска: Бебенцето доби име со интересно значење

Добивај вести на Viber

Блогерката за храна и инфлуенсерка Стефанија Несторовска, се породи. Таа на свет донесе девојче, а бебенцето доби име со интересно знаење - Анастасија.

Анастасија е име со грчко потекло добиено од зборот „anastasia“ што значи „таа што воскресна“ („anastasis“ = воскресение, подигање). Според народната традиција, ова име им било давано на деца родени околу Велигден.

Младата мајка на стори на Инстаграм сподели како тато Стефан слави со најблиските во познат локал во Скопје. А од гостите се редеа подароци во розе боја.


Фото: Инстаграм - Стефанија Несторовска

Можеби ќе ве интересира: 

Бајковито запросување во Дубаи: Блогерката Стефанија Несторовска кажа „да“ на романтична вечера (ВИДЕО)