Се породи Гал Гадот! Ја доби четвртата ќерка, а на девојчето му даде име со силно значење

Холивудската актерка Гал Гадот ја сподели среќната вест со обожвувателите на Инстаграм. Таа откри дека се родило нејзиното четврто дете - девојче на кое и го дала името Ори.

Гал Гадот и нејзиниот сопруг Јарон Варсано се во брак од 2008 година, а двојката веќе има три ќерки - Алма (12), Маја (6) и Даниела (2).


"Мала моја девојка, добре дојде! Бременоста не беше лесна, но успеавме. Во нашите животи внесе толку многу светлина, верна на твоето име, Ори, што на хебрејски значи "моја светлина". Нашите срца се преполни со благодарност“ напиша убавата 38-годишна жена.

View this post on Instagram

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot)



„Добредојде во куќа полна со девојки. И тато е прилично кул“, додаде таа со шеговит тон.