Се породи Сораја: Роди момче, а еве кое моќно име му го даде
Породувањето поминало во најдобар ред, а наследникот од доктрите добил највисоки оценки...
Се породи Сораја Вучелиќ. Таа на свет донесе здраво момче, на кое му го даде името Кан.
Породувањето поминало во најдобар ред, а наследникот од докторите добил највисоки оценки. Новопечената мајка се чувствува одлично, а само мал број на блиски луѓе знаат дека нејзиното прво дете стигнало на свет, пишува „Курир“.
„Сораја е пресреќна! Стана мајка и сега цел нејзин свет е подреден на новата животна улога - улогата на родител. Маѓепсана е од своето бебе. Не го испушта синот од раце. Го засака од првиот момент кога го виде“ - раскажува извор близок до старлетата.
Таа се породила во болница во Швајцарија, но ќе живеат во Русија.
„Во Цирих ја водеше бременоста кај својот доктор, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде и ќе живеат. На бебето треба да му стигне рускиот пасош и таму ќе биде нивната база. Таа ги исклучи социјалните мрежи и започнува нов лист во животот“ - завршува изворот.
Инаку, името Кан значи „владател“.
фото: Принтскрин / Инстаграм