Животна училница // Приказни
СЕ ПОВЕЌЕ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ОКОЛИНАТА – можат ли Македонците мирно да спијат
Научниците во мојата област обично избегнуваат да тврдат нешто со сигурност и да даваат прогнози за следни земјотреси, бидејќи нема точни мерења што ќе покажат дека каде и во кое време ќе има земјотрес. Она што со сигурност можам да го кажам е дека нема поврзаност меѓу земјотресот во Турција и земјотресите во Романија или последниов во Хрватска. Ова го истакнува нашиот познат сеизмолог Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни гради и климатски промени (ИСОГКП).
Гаревски за Фактор потенцира дека нема поврзаност, ниту било каква корелација меѓу земјотресот на анадолскиот растер во Турција и оној во Романија со магнитуда нешто над 5 степени, ниту пак со оној во Хрватска.