Се повлече од ТВ екраните, а сега покажа совршено извајани нозе: Водителката на „Сѐ за љубов“ денес изгледа вака

Поранешната водителка моментално ужива во Грција, од каде објави неколку фотографии, но ниту една во костим за капење

Катарина Шишмановиќ, поранешната водителка на шоуто „Се‘ за љубов“, денеска има 38 години и откако се повлече од јавноста, води живот каков што би посакале повеќето жени. 

Иако ја нема во медиумите, таа е многу присутна на социјалните мрежи, а последните години најмногу ужива во луксузните патувања низ светот.

Поранешната водителка моментално ужива во Грција од каде објави неколку фотографии, но ниту една во костим за капење.

Токму оваа мистерија ги загрижува многу корисници на социјалните мрежи, со оглед на тоа што Катарина изгледа, во најмала рака: „бомбастично“.

За разлика од повеќето нејзини колешки и јавни личности, Катарина го одржува природниот изглед и нема направено пластични операции, а освен тоа е убава како што беше кога ја гледавме на малите екрани.

Важеше за една од најубавите водителки на Балканот со најдолги нозе, а малкумина и денес можат да останат имуни на нејзината убавина.

Фото: Инстаграм - Катарина Шишмановиќ

Повеќе фотографии погледнете во галеријата: