Се преполови, ослабе 70 килограми и облече костим за капење: Еве како изгледа денес Бојана Стаменов
Неверојатна трансформација...
Бојана Стаменов ослабе неверојатни 70 килограми.Повеќе од две години посветено работи да ја доведе својата линија до совршенство.
Бројката која ја изгуби за две и пол години се приближува до три цифри, а пејачката не застанува, па не чуди што половината никогаш не и е потенка.
Бојана на социјалните мрежи се пофали со новите резултати од теретана, а нејзината витка линија ги воодушеви нејзините следбеници.
Иако своевремено се подготвуваше за операција за намалување на желудникот, Бојана сепак реши својата линија да ја доведе до совршенство менувајќи го начинот на живот, а нејзината борба се уште трае.
Како што истакнала, најголем проблем и била нередовната исхрана, а поради вишокот килограми наишла на бројни здравствени проблеми.
-Ако сега го премотам филмот, не јадев редовно, поради настапи, концерти. Поголемиот дел од денот често го поминував во кола, на нозе, на проби, а потоа кога ќе седнав да јадам, тоа беа обилни порции. И тоа беше еден од проблемите – изјави таа за медиумите.
Била во ситуација да го губи видот поради проблеми со шеќерот, па затоа решила да си го промени животот од корен.
- Во јули 2020 година имав голем здравствен проблем. Шеќерот ми беше 27,7 и забележав дека не гледам. Дотогаш никогаш немав проблеми со видот, бев здрава дебела личност и секогаш беше на граница на отпорност на инсулин. Во 2007 година ми го извадија жолчното кесе, а потоа ми рекоа дека морам да внимавам што јадам, бидејќи сум потенцијален дијабетичар - искрено изјавила Бојана.
Минатата година Бојана Стаменов објави слика во костим за капење додека позира на плажа, а глетката ги воодушеви сите.
Во тоа време таа носеше костим во црна нијанса, а насмевката на нејзиното лице го покажуваше задоволството од една оставрена цел.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб/ ИнстаграмИзвор: Alo.rs