Се преселив во нов стан и почнав да кашлам: Наскоро ми падна косата, добив осип, денес сум во количка - ова е причината
Ема Френклин (28) двапати била „отруена“ откако се преселила во новиот стан, по што останала прикована во инвалидска количка.
Ема развила хронична кашлица, мускулен спазам, болен осип и губење на косата само две недели откако се преселила во нејзината нова куќа во 2017 година, а причината за сето тоа било мувла која ја имало во нејзиниот нов дом.
Кога дознала дека има огромно количество мувла во нејзиниот стан, немала друг избор освен да фрли се‘ и да започне од почеток.
Мистериозна болест ја врза блогерката за кревет и и требаше помош 24 часа на ден, бидејќи не можеше да се грижи за себе.
Ема веќе имаше здравствени проблеми откако се бореше со Лајмска болест, и за среќа нејзините лекари препознаа нови симптоми. На еден преглед, тие ја тестирале урината кога откриле ниво на токсичност од мувла.
Фото: Profimedia