Се развива нов лек како замена за вакцината против коронавирусот

Добивај вести на Viber

foto unsplash.com

АстраЗенека развива нов лек како замена за вакцина против коронавирусот. 

Компанијата соопшти дека нејзината терапија со антитела ги исполнила очекувањата од новите студии во борбата против вирусот. Сега со нов метод нуди замена за вакцините против коронавирусот за луѓето со слаб имунитет.Тоа е комбинација на два вида антитела, формирање таканаречен „коктел“, кој според последната студија, го зајакнува веќе ослабениот систем на луѓето. Примената на „коктелот“ е во фаза на испитувања, за да се добијат сигурни резултати пред да се примени на пациенти. Повеќе земји развија и развиваат вакцини против коронавирусот. Куба и Казахстан се само дел од земјите кои имаат свои вакцини покрај Русија, Британија, САД.