Се родила без раце и нозе, родителите ја напуштиле како бебе: Денеска е успешна шминкерка и инспирација за многумина
Шминкерката Гејб Адамс Ветли инспирира многумина со своите
видеа на социјалните мрежи. Гејб има Ханхарт синдром, ретко пореметување кое се
карактеризира со различни фази на оштетување на јазикот и отсуство на прсти на
рацете и нозете. Гејб, која неодамна им откри на своите следбеници дека е
трансродова личност, нема
раце и нозе.
Поради нејзината болест, родителите ја напуштиле кога имала само девет месеци, пишува Unilad. За среќа, не долго после тоа, Гејб беше посвоен од семејство од Јута. Така, познатата инфлуенсерка пораснала со уште 13 браќа и сестри.
Таа сега има 22 години, а основната занимација и се социјалните мрежи. Има 184.000 следбеници на Инстаграм, додека повеќе од четири милиони корисници ја следат на ТикТок. Таа стана популарна благодарение на веселите туторијали за шминкање и многубројните видеа каде на своите следбеници им покажува како се шминка и се подготвува пред да излезе од дома.
Инфлуенсерката вели дека нејзиното посвоено семејство е голема причина за нејзиниот успех. Таа вели дека секогаш и давале безрезервна љубов и поддршка и ја учеле да биде што е можно посамостојна. Тие не сакале таа да се чувствува поинаква од нејзините врсници поради нејзината болест.
По завршувањето на училиштето, Гејб извесно време работела како мотивациски говорник, посетувајќи училишта и компании, но повеќе ја интересираа шминката и убавината.
„Отсекогаш сакав само да седам и да гледам како други девојки се шминкаат. Секоја од нив го правеше тоа на различен начин. Некои прво ставаа подлога, а некои ставаат сенка за очи“, изјави Гејб во едно од интервјуата.
Нејзината популарност на социјалните мрежи почна да расте за време на пандемијата на коронавирус.
„Во првото видео што го објавив се снимав само до врат. Многумина прашуваа зошто го правам тоа. Тогаш покажав дека всушност немам раце и ноз“, додала инфлуенсерката која денес, вели таа, добива голема поддршка од нејзините следбеници, а соработува и со некои брендови.