Сѐ што имав им дадов на децата, сега немам ни за лекови: Исповед на мајка на богати деца кои не сакаат ниту да ја погледнат
Болна исповед на мајката чии деца не сакаат ниту да ја погледнат во старост, а која цел живот им го посветила на нив, ќе ви го скрши срцето...
Една од најголемите несреќи за еден родител е во староста да биде запоставен од своите деца, а сведоци сме дека таквите ситуации се сѐ почести. Начинот на воспитување на детето е една од најважните алки во синџирот, која би спречила во старост детето да не се грижи за вас.
Многумина се прашуваат зошто кога ќе остарат, родителите не им се потребни на децата, а покрај тоа што Лав Толстој во една реченица даде одговор на ова прашање, некои уште немаат дојдено до реалниот заклучок.
За ова прашање почнавме да размислуваме откако ја пронајдовме поразувачката исповед на една пензионерка, мајка на две деца со одлична финансиска состоба.
„Имам возрасен син и ќерка. Сопругот и јас им помагавме во сѐ, од учење до купување на куќите и чување на нивните деца.
Денес живеам сама, сопругот ми почина пред неколку години. Имам мала пензија, едвај ги покривам основните потреби. Понекогаш кога ќе си купам лекови, буквално морам да се откажам од храната. Децата се свесни за мојата ситуација, но ниту еднаш не се понудиле да ми помогнат.
Еднаш им навестив дека би можеле да ми плаќаат половина од месечните сметки, бидејќи на нив ќе им остане станот кога ќе умрам. Синот се правеше дека не разбира што му кажувам, а ќерката кажа дека едвај ги плаќа своите сметки. Ниту еден од нив не оди со јавен превоз на работа, имаат скапи автомобили. Секоја година одат на летување на скапи места во скапи хотели.
Ќерката секој месец купува нова облека, својата ќерка ја опсипува со пари. Детето за џепарлак добива поголем износ од мојата пензија. Кај синот парите ги контролира неговата сопруга. Дури и кога би сакал да ми помогне, таа не би дозволила.
Кога сосетката гордо ми кажа дека децата секоја година ѝ плаќаат летување, ѝ носат храна и плаќаат сметки, буквално бев повредена. И јас го направив истото за своите деца како и таа. Некогаш од неа позајмував пари, но повеќе не се осмелувам, се плашам дека ќе ме праша зошто мене децата не ми помагаат како неа. Никогаш не сум отишла кај нив со празни раце. Им помагав и физички и финансиски. Дали не успеав да ги одгледам своите деца како што треба?
Немам никаква заштеда, бидејќи сопругот и јас ништо не чувавме, сѐ им дадовме на децата. И еве како ми вратија...“
фото: freepik.com