Се слави Света преподобна маченичка Евдокија: Сите жени треба да го направат ова денес

Верниците на Македонската православна црква денеска ја слават Светата преподобна маченичка Евдокија.

Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се зазори, таа испрати слуги да го замолат тој монах да дојде кај неа. Герман дојде и меѓу нив започна долг разговор за она што старецот го читаше минатата ноќ и воопшто за верата и спасението. Како плод на тој разговор, Евдокија го замоли месниот епископ да ја крсти. По Крштението, сиот свој имот ѝ го предаде на Црквата, за да им се раздаде на сиромасите, ги отпушти своите слуги и робови, а самата се повлече во еден женски манастир. И толку одлучно се посвети на монашкиот живот во послушание, трпение, бдеење, молитва и пост, што после тринаесет месеци ја избраа за игуманија. Во манастирот проживеа педесет и шест години и се удостои Бог да ѝ даде толкава благодат што и мртви воскреснуваше. Кога извесен кнез Викентиј покрена гонење на христијаните, ја убија и светата Евдокија со меч. Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, со благодатта на Светиот Дух.


Подолу е молитва за спасение на душата што сите жени треба да ја кажат денес:

Со вистинска духовност си ја врзала душата за љубовта Божја и како Христов ученик со заборавот ја престигнала пропадливоста, убавината и минливата убавина. Прво со постот си ја смирила страста, па со страдање го засрамила ѓаволот. Затоа Христос те удостои со двојна круна, славна Евдокие, света маченичка: Моли се на Христа Бога да ги спаси нашите души.