Се соблече на 56 години и покажа природно тело без фотошоп: Вака изгледа жена полна со самодоверба!

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Салма Хајек е во шестата деценија, но сепак изгледа одлично! За разлика од повеќето нејзини колешки, актерката може да се пофали со природна, фина женска фигура.  Неодамна таа ги израдува своите фанови со уште една фотографија во бикини.

Познатата 56-годишна дама на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својата луксузна јахта, на која позира во светло сини бикини кои ја истакнаа нејзината цврста, прекрасна фигура на песочен часовник.

Како и секогаш, градите на Салма беа во преден план - таа ужива да го истакнува своето обилно деколте и на црвениот тепих и надвор од него. Да потсетиме, нејзината биста веќе подолго време предизвикува дебата на социјалните мрежи - многумина се убедени дека тоа не е природно! Актерката, сепак, го тврди спротивното.

„Многу луѓе тврдат дека ги зголемив градите хируршки. Не ги обвинувам. Градите ми беа навистина помали. Како и остатокот од моето тело", изјави еднаш Салма во емисијата "Red Table Talk" на нејзината колешка Џејда Пинкет Смит. Објаснила и дека градите ѝ пораснале поради менопаузата, но и бременоста, но и поради флуктуациите на тежината.

„Градите на некои жени се намалуваат. Но, има некои жени кои кога се здебелуваат - градите им растат, а на други растат додека дојат и никогаш не се враќаат во нормала. Исто така, во некои случаи градите растат дури и кога сте во менопауза. Случајно, излезе дека сум една од оние жени на кои им се случи сето ова. Тие пораснаа кога се здебелив, забременив и влегов во менопауза. Тие само продолжија да растат и станаа многу, многу, многу поголеми. Имам постојана болка во грбот поради тоа. Луѓето не зборуваат за тоа, но јас ќе ви кажам. Градите растат - и тоа многу“, додаде таа.

View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)


Фотографијата на која Салма носи бикини собра речиси милион лајкови, но и бројни позитивни реакции. „Жено, имаш ли лоша фотографија?“, „Леле, таа беше и остана одлична жена“, „Ти си неверојатно убава“, „Фантастично старееш“, Убава си“, се само дел од комплиментите под фотката на Салма.

Инаку, актерката отсекогаш инсистирала на својата природна убавина и неоптоварена со недостижни современи стандарди, а неодамна уште еднаш ни покажа дека е обична жена. Имено, Мексиканката сподели фотографија на која јасно и се гледаат седата коса и брчките, а напиша и соодветен коментар: „Се будам и бројам колку нови побелени влакна и брчки имам утрово“.

View this post on Instagram

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)



Фото: Инстаграм

Салма Хајек користи крема за изгореници против брчки: Оваа магична состојка е вистинско чудо за кожата, потврдија лекарите