Се соблече во „Игра на тронови“, но ја одби улогата во „Педесет нијанси сиво“: Емилија Кларк откри зошто

Добивај вести на Viber

Британската актерка и ѕвезда на серијата „Game of Thrones“, Емилија Кларк (32) откри зошто во 2015 година ја одби главната женска улога во популарниот филм „Fifty Shades of Grey“.

„Последниот пат кога бев гола пред камери (во серијата „Игра на тронови“), поминаа повеќе години од тогаш, но се уште е тоа главното прашање кое ми го поставуваат, само затоа што сум жена. Тоа е многу иритантно и доста ми е од таквите коментари, јас го направив тоа само поради ликот на Денерис која ја играв, а не за мажите да можат да ме гледаат во градите“ – изјави Кларк.

Таа додаде дека глумењето во филм каде што главниот акцент е ставен на сексот и голотијата, само провоцира постојана расправија за сцените кои се играат без облека, и дека токму тоа  е причината што ја одбила главната улога во филмот „Fifty Shades of Grey“.