Сè уште немам ставено ботокс или филери, сметам дека можам со третмани да се одржам уште неколку години: Пред огледало со Ведрана Ѓорѓевиќ
Шарматната
водителка Ведрана Ѓорѓевиќ која јавноста ја запозна како модел, во моментов ја
води емисијата „Г карпет“ заедно со Миро Кацаров на „Канал 5“. Ведрана за
себеси вели дека е спортски тип, и приватно никогаш не се облекува како во
студио и на јавни настани. Кариерата на ТВ ја започна како презентерка на
временската пргоноза, а овој анагажман соврешно се вклопи со нејзиното име-
кога времето е ведро. Она што малкумина
го знаат за Ведрана е дека има завршено безбедност, има лиценца за брокер, за туристички придружник, а
работи и како маркетинг агент. Живее брз и динамичен живот, сака да патува, но
секогаш наоѓа време за темелна нега на лицето, косата и одржување на линијата.
* Каков е вашиот дневен козметички ритуал, so какви препарати ко негувате лицето?
- Секое утро прво чистење на лице, потоа серум со хијалуронска киселина и крем за лице. Од неодамна поцнав да користам Embryolisse, по препорака на Шурбе, најдобро знае што ѝ одговара на мојата кожа. Не можам да користам секакви козметички препарати, од причина што и лицето не ми ги прифаќа. Но моментално ја користам оваа крема и совршено ми одговара.
Навечер пред спиење, исто чистење лице потоа серум со ретинол и ноќна крема. Често знам да го прскам лицето и вратот со активен кислород, го освежува и нема нус појави(барем кај мене).
* Посетувате ли козметички салони?
- Секако, и тоа повеќе пати во неделата. Секоја жена заслужува време, кое ќе си го посвети на себе и ќе одмори од секојдневните обврски. Во студио @Charm одам да си ги средам ноктите, маникир педикир, иако долго време не сакав да правам нокти мислев подобро е сама да си ги лакирам, но сега сфатив колку време се ноктите средени без да треба секој ден одново да ги лакирам, а повторно изгледаат природно и средено во секоја прилика, си заштедив време. Исто така тука се масажите на лице и тело, кои се и повеќе од потребни, особено во ова стресно време.
Исто така често одам во Красота клиник, каде што правам медицински третмани, во моментов мезотерапија на лице и коса, како и биоревитализација на лице, пилинзи на лице и третмани со апарати за затегнување на кожа. Сèуште немам ставено ботокс или филери во лицето, сметам дека можам со третмани да се одржам уште неколку години. Имам целосна доверба во др Екатерина Јуруковска од Красота Клиник, и се согласив да направам таков чекор кога ќе ми каже докторката дека е вистинско време.
* Кои производи ги употребувате за коса?
- За коса употребувам исклучиво само производи за професионална нега на коса, Schwarzkopf Professional. Шампон и регенератор од линијата ,,Mad about curls,, како и кератин од Индола. Кога се работи за фарби исто така само Schwarzkopf Professional, за бојата оставам да одлучат професиојналците сакам да менувам па не ми е проблем да оставам да одлучат. На вакви препарати мислам дека не треба да се штеди, затоа што штетата што може да се направи од ефтини или на своја рака купување препарати е голема, ми се случила веќе и затоа сега кога се работи за коса и кожа им се препуштам на професионалците.
*Што сакате да прикриете а што да истакнете со шминката?
- Сама дома ретко се шминкам, мојот целосен make up I hair styling го препуштам на маестро Зоран Шурбевски. Професионалец кој што најдобро знае што и дали треба да се прикрие или истакне и за која пригода како треба да ме среди. Немам многу што да прикријам, иако имам природно темни подочници на пример, не сакам да ги кријам, се прифаќам таква каква што сум, никој не е совршен па ни јас.
* Кои се вашите омилени козметички производи?
- Омилени хмм, можам да кажам дека без балзам за уста не одам нигде, тоа го приметиле сите што ме познаваат хаха, потоа крема за раце, често користам Неутрогена лабело и крема за раце. Кремата за лице ми е особено важна да ми се погоди. Одамна не бев нашла нешто што ми одговара, затоа што менувам после одреден период кога ќе осетам дека кожата ми се заситува, сега сум мирна со гореспоменатата крема. Користам многу препарати но можам да кажам дека овие ми се најважни и најчести во мојата рутина. И да не заборавам многу важно, крема со фактор која треба да се користи и во зима, кога е зрачењето исто големо, во моментов користам за крема за лице со фактор од Еуцерин.
* Што носите секогаш во вашиот несесер?
- За секој ден течна пудра Perfect Teint Foundation, долготрајна и лесна за кожата. Кармин Perfect Color Lipstick n.833 со витамин Е кој ги штити и негува усните. Сјај за усни, Диор моментално.
* Кој е вашиот омилен парфем ?
- Имам многу парфеми кои ги сакам, во моментов омилени ми се Paco Rabanne Lady Million Fabulous I Carolina Herrera Good Girl
*Како ја одржувате линијата?
- Најдобро искуство до сега за мене сум имала во Студио Figurella, кое е специјализирано за оформување на женско тело. Кога имам повеќе време а е надвор студено вежбам во теретана, во моментов мојот избор е Palestra во East gate mall. Често одам на планинарење рекреативно, ја обожавам планината и природата. Исто така кога имам време одам и на пливање и сауна. Но често знам и да применам некој третман од Krasota Clinic, за побрзи ефекти и за елиминирање на наслаги на места кои е најтешко да ги тргнам со вежбање.
М. Џаровска