Се вери пратеникот Коста Костадинов: Која е неговата избраничка?

Пратеникот Коста Костадинов сподели убави вести. Преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм тој ја информираше јавноста дека се верил. Имено, Коста кој е познат по својот елегантен стил и авантуристички дух, се покажа и како вистински романтичар. Преку искрена мисла и со златен прстен, се пофали за убава вест.

„Животот ми овозможи да те запознаам, Бога пушти знак да се препознаам себеси и да си го препознаам животот со тебе. 

Нека љубовта трае до последниот атом.

Затоа што си моја, затоа што те сакам.

Од овде до небото и назад“, напиша пратеникот.

View this post on Instagram

A post shared by kosta kostadinov (@kostadinov.kosta)


Инаку, неговата избраничка е Марија Десанова од Битола, со која веќе подолг период е во врска.  

Парот некое време живее заедно во стан во Скопје. 


Фото: Фејсбук и Инстаграм/Коста Костадинов

Можеби ќе ве интересира:

Жените на македонските политичари: Скромни, убави и модерни