Се враќам посилна и подобра: Хали Бери скрши три ребра, а за тоа дознала после еден месец

Добивај вести на Viber

Популарната холивудска актерка Хали Бери скрши три ребра при снимањето на филмот „Џон Вик 3“. За повредата не била свесна точно пет недели, по што и била укажана медицинска помош.

Повредата ја здобила при снимањето на една опасна сцена, а Хали вели дека по опоравувањето ќе се врати посилна и подобра. Таа и покрај болките, продолжила со снимање, поради што се' уште незнае точно во кој момент се повредила.

Хали Бери истакнува дека е професионалец и дека својата работа ја доживува доста сериозно, па ги занемарила болките мислејќи и чекајќи го само крајот на снимањето.

„Не сакав да ги разочарам колегите“ , истакна Хали, која после дознавањето за повредата, најголема поддршка доби од Кијану Ривс, кој ја игра главната улога во филмот.