Се зацврстуваат домашните капацитети за иновативни технолошки решенија
Вчера, во присуство на претставници на повеќе
македонски институции и компании, новата компанија Инфинити Енерџи ИТСС го
одбележа завршетокот на првата, шестмесечна фаза од работењето, по официјалното
отворање на канцелариите во јануари годинава. На настанот се зборуваше за
капацитетите и визиите за градење на посветла иднина преку квалитетни и
иновативни решенија создадени преку консолидирање на знаењата и вештините на
глобално ниво.
Оваа компанија ги обединува потенцијалите на две брзорастечки индустрии – енергетика и ИТ сектор, за кои се очекува да имаат клучна улога во заздравувањето и растот на економијата во следните години. Нивната главна визија е преку иновативни технолошки решенија да изградат дигитална иднина за сегашните и идните генерации.
„Нашата основна
цел е да ги унапредиме деловните процеси и да бидеме еден од главните двигатели
во градењето на модерно и дигитално општество. Сигурен сум дека само заедно, со
унифицирана визија и размена на знаење можеме да изградиме современа и посветла
иднина.“
– изјави директорот на Инфинити Енерџи ИТСС, Дејан Кекеновски.
Согледувајќи ги потребите на пазарот, компанијата нуди современи решенија од областите на информатичка технологија, енергетика, дигитално архивирање и електромобилност, со цел да се подобри деловната и општествената заедница. Изминатите шест месеци тие ги посветија на регрутирање и развивање на тим со којшто ќе се креираат и имплементираат иновативни решенија, а на вчерашниот настан објавија дека веќе започнале со реализација на неколку проекти.
Инфинити Енерџи ИТСС е членка на групацијата Инфинити којашто во своето портфолио има повеќе од 3.000 успешни проекти од сите области на развој и имплементација на паметни решенија за јавниот сектор, здравството, електроенергетиката, авиоиндустријата, телекомуникациите, транспортот, малопродажбата, и во многу други индустрии.
„Градејќи цврста, домашна приказна, како дел од групација чиишто членки се веќе етаблирани лидери во областите во коишто дејствуваат, верувам дека Инфинити Енерџи ИТСС има реални капацитети да понуди решенија кои ќе го унапредат македонскиот ИКТ пазар. Со помош на глобалната размена на знаења и искуства, како и преку партнерствата со водечки светски компании, навистина можеме заедно да стигнеме подалеку и да постигнеме повеќе.“ – заклучи Бојан Вујиќ, претседател на Управниот одбор на групацијата Инфинити.
Фактот што ИТ индустријата сама по себе е фокусирана на развој на мрежи кои на компаниите ќе им овозможат независност од географската позиција од којашто работат, нудејќи им поврзување и размена на знаења и искуства стекнати на различни пазари, отвора простор за оптимизам дека напредните решенија можат значајно да помогнат во зацврстувањето на општеството на локално ниво.
ПР објава