Се засакале на снимањето на „Игра на престоли“, сега добија второ дете: Кит Харингтон и Роуз Лесли ја кријат среќата од јавноста

Добивај вести на Viber

Овој пар веќе има двегодишен син, а сега имаат и ќерка, пишува „Пејџ шест“.

Тие се воодушевени што го пречекуваат своето мало девојче“, изјави извор близок до парот за споменатиот медиум.

Роуз и Кит се запознаа на снимањето на „Игра на престоли“, каде тој го глумеше Џон Сноу, а таа Игрит. Таму се заљубиле и набрзо се венчале.

Двајцата не сакаат многу да го изложуваат својот приватен живот во јавноста, па не го најавија новото доаѓање ниту пак го открија името на нивното прво дете.


Фото: јутјуб видео принтскрин