Се зборуваше дека е геј, па го поврзуваа со многу познати убавици: Италјанскиот Аполон конечно има девојка, а еве која е таа
Микеле Мороне конечно ја покажа новата девојка, откако со години беше сингл
Долго време се зборуваше и шпекулираше за неговиот љубовен живот... а го поврзуваа и со разни познати убавици меѓу кои и Клои Кардашијан, дури се зборуваше дека е геј, но сега излезе дека срцето му го украла една 12 години помлада „девојка“ Моара Сорио и тоа на крајот на минатата година.
20-годишната девојка на својот Инстаграм и ТикТок објави неколку видеа со италијанскиот Аполо, а реакциите беа поделени.
Иако разликата од 12 години не е ништо претерано, на многумина не им се допаѓа тоа што таа е само „дете“ кое штотуку наполнило 20 години, додека тој е веќе зрел маж.
Искрено, ретко кој би одолеал на актер кој толку пати се најде на листата на најдобри момци, но овој пат многумина го критикуваа со причина дека „заведува децата штотуку излезени од пелени“, како што пишува во еден од многуте коментари.
Инаку, за Моара не се знае многу, освен дека е од Цирих, и дека работи како финансиски советник, а пред да открие дека е во врска со Мороне, на Инстаграм имала само околу 1.000 следбеници.
Сега таа бројка достигна 100.000, а повеќе од јасно е дека ќе профитира благодарение на врската, бидејќи, како што пишуваат странските медиуми, спонзорите веќе ја контактираат за рекламирање.
Фото: Инстаграм