Најдобриот фраер кој чекори по земјата: Жените „полудеа“ кога го видоа во ова издание - дури и во кожени тесни панталони изгледа мажествено

Добивај вести на Viber

Ревијата на брендот Dolce&Gabbana во соработка со Ким Кардашијан на модната недела во Милано привлече огромно внимание во јавноста, како поради самата соработка, така и поради огромниот број познати личности кои дојдоа да ја поддржат оваа ревија. Сигурно еден од најзабележителните гости беше италијанскиот актер Микеле Мороне.

Микеле уште еднаш покажа дека со право важи за еден од најзгодните и најдобри момци во Европа и дека практично не постои жена која би му одолела.

Впечатливиот Италијанец со години соработува со оваа модна куќа, па затоа е задолжителен гостин на сите нивни прослави и модни ревии, но е и подвижна реклама за брендот - најчесто носи парчиња со нивниот потпис.


Овој пат на ревијата во Милано пристигна во нетипична комбинација, но неговата машкост не можеше да ја наруши ништо, па дури ни парчиња кои очигледно се инспирирани од женската мода. Имено, Микеле се појави во сатенска кошула во боја на кајсија, оставајќи неколку копчиња незакопчени за да остави полежерен впечаток, а носеше и тесни, црни панталони од кроко кожа и црни каубојски чизми со потпетици.


Инаку, по оваа објава Мороне се проби на страниците на сите американски таблоиди, иако до сега неговата слава беше главно на европско ниво, а сето тоа благодарение на флертувањето со Клои Кардашијан. Времето ќе покаже дали има нешто повеќе - актерот сигурно моментално е сингл, иако има два сина од претходниот брак.


Да потсетиме дека Микеле се прослави со улогата во популарниот еротски трилер „365 Days“, како и неговите продолженија, а токму овој ангажман го лансираше во ѕвездите и го претвори во еден од најпосакуваните мажи во Европа, рамо до рамо со Џан Јаман.


Фото: Инстаграм

„Кога Бог го создаде најсовршениот маж - го создаде него“: Велат дека нема поубав и позгоден фраер на светот, а тој сними филм полн со перверзни сцени