Себична жено, па ќе бидеш мртва кога детето ќе тргне во средно училиште: Мајка беше распната на интернет бидејќи се породи во 7-та деценија!
дна жена предизвика жестока дебата на родителскиот форум „Mumsnet“, откако рече дека одлуката да се роди дете во шеесеттите години е себичен потег.
Таа ги сподели своите размислувања во форма на приказна за поранешната шефица на галеријата „Serpentine Dame“, Јулија Пејтон Џонс, која се породи на 64-годишна возраст.
„Кога нејзината ќерка ќе има 16 години, таа ќе има 80 години. Шансите се големи дека ќе биде мртва кога детето ќе наполни 30 години. Може да умре пред детето да наполни 25 години. Тоа е многу е себично“, напиша таа.
Поранешната шефица на галеријата „Serpentin dejm“, Јулија, ќерката Пиа, ја доби во 2017 година, кога имаше 64 години. Сега има 68 години, а нејзината ќерка има четири години.
Повеќето луѓе ја поддржаа критичарката, наведувајќи дека тоа е себична одлука и за жените и за мажите.
„Само затоа што можеш да родиш не значи дека треба. Во право си“, рече едно лице.
„Мислам дека не е фер кон детето поради големиот јаз во генерациите. Сето тоа зависи од тоа колку е жената со отворен ум. Сигурно на детето ќе му биде тешко со врсниците“, додава друг.
Меѓутоа, некои истакнуваат дека е многу повеќе себично да се имаат деца ако родителот е во нестабилна финансиска ситуација.
„Всушност, многу е полошо да се има дете во сиромаштија, без оглед на возраста“, „Некои луѓе одлучуваат да станат родители во многу полоши околности, тоа е неразумно“, велат тие.
Иако ова е екстремен пример, некои корисници на форумот велат дека луѓето кои се одлучуваат за доцно родителство честопати се оние кои навистина сакаат дете и можат да обезбедат стабилен и привилегиран живот.
„Повеќе сум загрижен за тинејџерите кои раѓаат“, „Родителството по 60-тата ќе го земат предвид само богатите луѓе", „Тоа дете е сакано, негувано и посакувано. Дали беше себична? Можеби. Дали тоа ќе влијае на детето повеќе од отровни родители? Не“, „Не знам, мислам дека едноставно немате доволно енергија во тие години, како што имате во дваесеттите или триесеттите години“, се некои од коментарите.
Каков е вашиот став?
Фото: Freepik