Сега го гледаш, сега не: Бремена жена покажа трик со кој може целосно да го скрие својот стомак, сите се прашуваат само едно (ВИДЕО)
Фасцинантно!
Многу луѓе имаат уникатни таленти кои ги покажуваат само кога навистина сакаат да импресионираат некого.
Така една трудница го покажа својот трик во сега веќе вирално видео во кое ја демонстрираше својата способност да направи нејзиниот труднички стомак целосно да исчезне додека трепнете.
Кет Шултис објави видео на својот профил на „TikTok“ каде го покажа својот труднички стомак како балон што полека се издува. Имено, таа успеа да извади едвај видлив стомак од огромниот стомак со тоа што го вовлекуваше.
Во видеото таа напиша дека е бремена во 28 недела и додаде:
„Одржување на карличното дно = не изгледам бремена додека го вовлекувам стомакот“.
@kat_shultis #pregnantlife #pelvicfloor #comedy
Видеото на идната мајка доби повеќе од 4.000 лајкови откако беше споделено во декември, а луѓето останаа запрепастени од нејзиниот импресивен талент. „Леле! Како е тоа можно", "Не можам да го направам тоа и не сум бремена!" - ѝ напишаа.
Некои беа загрижени дека постапките на Кети може да го „повредат“ нејзиното бебе или самата себе, но идната мајка - која сега ја делат само три недели до породувањето - инсистираше дека трикот е „всушност одличен“ за телото.
При изведување на оваа метода, трудниците ги прошируваат и собираат стомачните мускули со дишење. Бебињата внатре во утробата се туркаат подлабоко во стомакот додека бремените жени вдишуваат, и туркаат напред додека издишуваат.
Зборувајќи за „Today“ во 2017-та година, Брук Кејтс рече:
- Причината поради која желудникот се собира не е затоа што жената дише, туку затоа што ги користи мускулите во внатрешноста на торзото. На овој начин таа ги користи своите мускули за да го прегрне своето бебе.