Сека Алексиќ има нова фризура: Со еден потег го смени изгледот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Физурата навистина може да го промени имиџот на подобро, а жив доказ е Сека Алексиќ

Деновиве Сека Алексиќ ја полуде српската јавност со драстично менување на изгледот. Имено, таа се одлучи за најпопуларната фризура оваа година, а тоа се шишки.

Ултра кратките шишки се апсолутен „моден додаток“ оваа пролет, а со нив Секa „буквално ги избриша годините“. Кратките шишки до веѓите ја правеа да изгледа помистериозно и поинтензивно, додека пејачката и водителка на шоуто „Мајки и снајки“ ја задржа долгата коса.

„Вашите шишки изгледаат убаво“,; „Ме потсетуваш на Клеопатра“, „Твојот фриз е одличен“, се дел од коментарите на Инстаграм под фотографијата што ја објави пејачката.



Доколку се плашите да направите ваква радикална промена како што направи Сека, а сепак обожавате шишки, ви предлагаме да ги испробате шишките „звеса“, кои исто така имаат моќ да го променат вашиот имиџ и да го освежат вашиот изглед.

Шишките „завеси“ се многу лесни за одржување, бидејќи фризурата ја добивате без никаков напор.