Секогаш модно усогласени: Водителката Јана и Горан се еден од најубавите парови на македонската сцена (ФОТО)
Јана Серафимова и Горан се еден од најубавите парови на македонската сцена.
Јана Серафимова Петровски, убавата новинарка која е вљубена во спортот и ја води емисијата „Ферплеј со Јана“, летово направи свадба со својот сакан Горан Петровски.
Јана и Горан го склучија граѓанскиот брак минатата година.
Јана тогаш накратко ни ја раскажа љубовната приказна со Горан:
- Се запознавме на „Д фестивал“, работно бевме таму и двајцата. Организаторите на фестивалот дојдоа на свадбата и се смеевме - стројници ни се хаххаа! Другари ни се. Кај Горан, најмногу го сакам тоа што е добар и чесен, секоаш насмеан, сите го знаат по смешките и по многу добрата смисла за хумор. Креативен е 24/7 да ги смее сите“, рече Јана за својот сопруг.
Јана често споделува фотографии со саканиот, а и двајцата се секогаш модно усогласени и се гледа дека уживаат во нивната љубов.
Денес Јана објави опуштени фотки со саканиот и напиша дека имале совршен есенски ден.
Погледнете и други фотки од овој прекрасен пар: