Секогаш се повлекуваат: Овие три знаци имаат најслаб карактер

Добивај вести на Viber

Секогаш би се повлекле и би уживале во својата комфорна зона, отколку да превземат било каква иницијатива

ВАГА

Сакаат да живеаат во својата сигурна зона. Секое излегување од неа воопшто не им се допаѓа, па затоа се склони многу бргу да се откажат од сѐ ново што ќе започнат. Понекогаш, попрво би останале на работно место кое е помалку платено, а кое им е рутина, отколку да напредуваат прифакајќи нови предизвици во кои се бара повеќе труд.

БЛИЗНАЦИ

Личностите родени во овој хороскопски знак често се однесуваат несериозно. Ако не им е интересно, тие без никаква грижа на совест ќе се повлечат. Поради нивниот ведар и симпатичен дух, им успева да ги наговорат другите да завршат некоја работа во нивно име. За тоа време тие ќе се занимаваат со нешто поинтересно.

РИБИ

Иако на почетокот се исклучително заинтересирани за некоја одлука, цел или проект, кога ќе видат дека работите не се толку едноставни се разочаруваат и се повлекуваат. Ним им е тешко да бидат доследни во било што. Успешните припадници на овој знак веројатно во најблиското опкружување имаат некој што безрезервно им дава поддршка, најчесто се во комбинација со Лав, Водолија или Бик.

Извор: Индекс.хр