Секогаш треба да дадете одговор на необичните прашања на своето дете
Истражувањата покажуваат дека децата од предучилишна возраст можат да постават над педесет прашања на ден, но, исто така, и дека децата порано почнуваат да се интересираат за светот околу нив, и веќе на три годишна возраст имаат многу нејаснотии што се обидуваат да ги решат. Прашањата на децата се неверојатно имагинативни, сосема логични и често многу тешки да се одговорат.
Група научници од Лондон составила листа на 10 „најнезгодни“ прашања кои ги збуниле дури и повеќето образовани родители. Истражувањето покажа дека една третина од родителите сурфаат на интернет во потрага по точниот одговор, и често измислуваат одговор или прашањето „го пренесуваат“ на другиот родител.
Листата ги вклучува следните прашања: „Дали ајкулите можат да го победат диносаурусот?", „Зошто е небото сино, а тревата зелена?", „Колку е тешка Земјата?", „Зошто Месечината понекогаш се појавува по ден?", „Како авионите остануваат во воздух? ", „Зошто времето не е исто во сите земји на светот? ", „Како луѓето на спротивната страна на планетата, живеат наопаку? "... Кога ќе се земе предвид дека на децата терба да им се објасни сето ова на разбирлив начин, мора да признаеме дека прашањата се навистина тешки.
Експертите велат дека, без оглед на тоа што не ги знаете одговорите, секогаш обидувајте се да дадете објаснување. Ако се избегнат прашањата или се каже дека „не треба да бидат заинтересирани за тоа“, ќе ја задушите детската љубопитност, па малечките на крај ќе престанат да прашуваат, а тоа не е добро за нивниот развој.
Почнувајќи од четвртиот роденден, децата мора да разбираат некои релации, односите меѓу луѓето, да прифаќаат одредени општествени норми, па прашањата се сосема логични. Така ја развиваат фантазијата, стануваат способни да размислуваат за настаните на денот, за природни феномени, секој ден собираат нови информации во градинка, дома, надвор ... И сето тоа е премногу за нивните перцептивни способности, и бараат одговори од највисокиот орган што го познаваат, своите родители . Затоа, без оглед колку е тешко, пробајте да му објасните на детето што го интересира.
Разговарајте со своето дете како со рамноправно лице, бидејќи ќе научи дека прашањата се корисни и дека ќе му дадат ново знаење. На овој начин подобро ќе го подготвите за училиште и ќе научи дека ваквата љубопитност е доблест. Исто така, никогаш не одговарајте со реченици како „Не можам да верувам дека не знаеш", затоа што ќе го засрамите детето.