Секој има можност да биде дел од Лондон Мет: Повик за трансфер на студенти од други универзитети

Сега имате можност и за трансфер ако сте веќе запишани и студирате на некој друг универзитет. Она што е важно е што право на трансфер имаат сите студенти од други факултети во земјата и од странство. Процедурата за трансфер се одвива на индивидуална основа, односно за секој студент посебно се определува кредитната вредност која може да се трансферира, а врз основа на студиската програма по која студирал студентот и испитите кои ги има положено.

Отсега, секој од вас, ќе има можност да бидe дел од образовен процес формулиран по британски терк, да учи под менторство на врвни британски професори, да се стекне со британска државна диплома и да биде дел од големото семејство на Лондон Метрополитен.

Лондон Мет е реномирана високообразовна институција со седиште во Лондон. Традицијата, квалитетот на студиите, како и извонредноста на наставата го прават светски реномиран универзитет и избор на секој иден студент ширум светот. Студиските програми вклучуваат активности кои ја стимулираат интелектуалната љубопитност, имагинацијата и рационалното размислување, а главен акцент се става на стекнување на практични вештини. Дипломата стекната на Лондон MET е призната ширум светот.

Биди и ти дел од првата генерација македонски студенти на Лондон Мет. Студирај во Скопје и здобиј се со британска диплома.

За повеќе информации околу начинот и условите за трансфер посетете го следниот линк, или јавете се на телефон 023140004

*Kомерцијален текст