Секој просечен стан во Југославија изгледаше вака: Многумина сè уште имаат некои предмети, а еден детаљ е посебен
Во последно време социјалните мрежи се преплавени со фотографии од станови од периодот на поранешна Југославија, кои многумина потсетуваат на нивното детство и младост. Со својата препознатлива декорација, овие станови беа олицетворение на една специфична ера - од универзални гарнитури и теписи со апстрактни дезени, до незаменливи регали и тапети.
На страницата на Инстраграм „Интересни работи за Белград“ се споделуваат фотографии од еден таков стан во Југославија. Скоро сите станови беа украсени слично, поради униформата достапност на мебел во тогашните продавници, но и стандардите што преовладуваа меѓу тогашната средна класа.
Во овие простори доминираа бои како кафена, портокалова и маслинесто зелена, со детали како кристални чинии и таписерии кои ги красат ѕидовите. Мебелот беше масивен, практичен, но и издржлив - често го придружуваше семејството низ генерациите.
Мал телевизор, голем тросед и фотелји - тие беа незаменливи. Исто така, голема полица за книги во гардероберот беше задолжителен дел од мебелот. А машината за пишување покрај креветот ги привлече сите погледи.
Денес, овие слики предизвикуваат чувство на носталгија, враќајќи ги постарите генерации во времето кога заедништвото и солидарноста беа дел од секојдневниот живот. На социјалните мрежи групите посветени на „Југоносталгија“ собираат илјадници членови, а коментарите се полни со топли спомени и приказни за растењето во овие едноставни, но посебни простори.
„Потекнувам од работничко семејство, родена сум во 1972 година, имавме ваква дневна соба, портокалова кујна „Марлс“, трпезарија која ја имам и сега“,„Речиси секоја дневна соба изгледаше вака (каде што имав можност да влезам), ова беше просечен стан, јас лично жалам за тие времиња“, „Овојрегал се уште се користи, иако е преместен на село. Денешниот мебел не може дасе спореди со квлаитетот на тогашниот. Техниката беше подобра“, „И кај моите родители беше иста, само бојата беше поинаква. Беа тоа прекрасни времиња. Мојот татко беше обичен работник, мајка ми домаќинка, и живее добро. Беа без долгови. Никогаш не се расправаа поради пари. Беа задоволни“,се само дел од коментарите.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs