Секој родител треба да ги слушне овие 8 реченици: Совет од психолог за сите „НЕСОВРШЕНИ“ мајки и татковци
Воспитувањето деца е предизвикувачка задача која бара многу љубов, внимание и трпение. Сепак, иако е исполнето со радосни моменти, понекогаш и на родителите им е потребна поддршка за да ги надминат предизвиците и сомнежите што може да ги доживеат на патот на родителството.
Џејми Блох, детски психолог, мајка и едукатор за родители, го знае ова. Затоа, таа објави осум реченици на Инстаграм за кои верува дека секој родител треба да ги слушне.
Бидете свои
„Колку сте поавтентични, толку повеќе луѓе ќе најдете кои ви одговараат. Бидете отворени“, истакнува наставничката во објавата.
Имајте бавни денови
Не мора да правите сè што е на вашата листа со задачи. „Проверете како се чувствува вашето тело и користете го како мерач на она што ви треба“, советува Блох.
Во ред е да се прават грешки
Грешките ни помагаат да учиме и да растеме. Бидете отворени за нив со вашите деца, ова ќе им помогне да се чувствуваат помалку засрамени и отворени за поддршка.
Во ред е да не е во ред
Дури и на најсилните им требаат денови кога се потпираат на другите за поддршка.
Во ред е да побарате помош
Барањето поддршка и помош е секогаш добра идеја.
Во ред е да не знаете сè
Не сме создадени да знаеме сè, учењето и растењето е дел од родителското патување.
Во ред е да се чувствувате несреќни
Ова чувство сигнализира дека нешто треба да се промени, што е добро. Истражувајте што треба да се промени.
Сите сме несовршени
Не се исцрпувајте за да постигнете совршенство. Блох забележува: „Децата доживуваат цела низа емоции; не сте вие криви што децата понекогаш минуваат низ тешки времиња, не сфаќајте го тоа лично, пишува Крстарица.
„Толку многу се фокусираме на нашите деца што често забораваме на себе. Со бескрајна низа родителски совети и истражувања кои ни се лесно достапни, важно е да запомниме дека е во ред да се биде човек, да има човечки искуства и да се бориме. Таа борба е дел од животот која ни помага да растеме, да разбереме што ни треба и да се промениме во она што сакаме да станеме“, заклучува психологот.
Фото: freepik