Секоја чест: Запознајте ја жената која го предводи тимот што го развива првиот електричен суперавтомобил - Nevera

Добивај вести на Viber

Снежана Милиша, која беше прогласена за инженер на годината, една година се обидуваше да се вработи во Rimac Automobili. Откако конечно успеа во 2016 година, денес води тим од 850 луѓе со кои работи на развојот на Nevera, првиот светски хомологиран електричен суперавтомобил.

Прв пат во  Хрватска е избран инженер на годината, а титулата ја освои Снежана Милиша од компанијата Bugatti Rimac. Целта на овој натпревар, кој беше организиран од Германско-хрватската комора за индустрија и трговија (АХК) и партнерот Медиада со иницијатива на Сименс Хрватска, е да претстави инженер кој ќе ги инспирира младите девојки да се запишат на СТЕМ студиите и да одлучат за СТЕМ преку нејзиниот пример.

Жирито одлучи дека Снежана Милиша е најдобра за оваа улога.

-Меѓу десетте финалисти на овогодинешниот избор, жирито го препозна „претседателот на генерацијата“ во Снежана Милиша. Нејзината страст за инженерството, бестрашноста во трасирањето на нови кариерни патеки, желбата за стекнување на нови знаења - но и нејзината непосредност, елоквентност и едноставност се истакнаа најмногу од сите кандидати, беше речено на доделувањето на наградите кое се одржа во рамките на Германско-хрватскиот економски форум.

Снежана Милиша дипломирала на FER, а денес како програмски менаџер на Nevera во Bugatti Rimac, таа води тим од 850 луѓе со кои го развива првиот светски хомологиран електричен супер автомобил.

Пред да се приклучи на Bugatti Rimac, Милиша професионално се развивала во различни компании, а од 2017 година го води развојниот проект Невера. Таа е доказ дека инженерските професии, а потоа и развојот на успешна кариера во нив, не се резервирани за мажите.

-Бидејќи повеќето инженери се претежно мажи, мислам дека со мојот пример можам да покажам како една жена може да постигне било што ако има доволно волја, знаење и желба. Сметам дека училиштето и образованието се исклучително важни за успехот. Покрај кариерата, одгледав две ќерки и колку што ми е важно да бидам успешна на работа, толку многу вложив труд и во градењето на мојот семеен живот“, вели Милиша.

Интересно е и тоа што Милиша реши да ја продолжи кариерата во Bugatti Rimac откако со години работеше во финансиската индустрија.

Како најголем предизвик таа го наведува воспоставувањето рамнотежа меѓу деловниот и приватниот живот, а забележува и дека се намалува бројот на жени кои се занимаваат со инженерска работа.

-Не гледам значително зголемување на процентот на жени, за што жалам. Но, ме теши фактот што жените кои ги среќавам во оваа професија се сите подобри, а во многу случаи и многу подобри од нивните колеги-мажи, забележува таа.

Додаде исто така дека добар инженер е оној кој е посветен на изнаоѓање решенија, а таа воиднина ќе се залага да има што повеќе такви - добри инженерки - во Хрватска.

Фото:PD