Здравје // Совети
Секоја нова мутација на вирусот е полоша: Има индикации дека бразилскиот сој се појавил во Србија, предупредува д-р. Вукичевиќ
Директорката на ковид-болницата во Батајница, Татјана Аџиќ Вукичевиќ, за РТС изјави дека има индикации дека бразилскиот сој на корона вирусот се појавил во Србија и дека британската варијанта е сè уште најприсутна меѓу пациентите. Таа предупредува дека секој нов сој на вирусот е многу полош од претходниот и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
Потенцира дека сè уште не може да дава оптимистички изјави во врска со пандемијата, бидејќи нема несто за опуштање.