Сексапилни фотки, нова фризура: Данијела Димитровска го промени животниот стил по разводот од српскиот водител Амиџиќ

Добивај вести на Viber

Брачниот пар Амиџиќ важеше за еден од најхармоничните на српската јавна сцена, но пред три месеци, Огњен и Данијела објавија дека по 10 години љубов, ставаат крај на бракот.

Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и манекенката со македонско потекло, Данијела Димитровска, летово објавија дека се разведуваат со заедничко соопштение и додадоа дека повеќе нема да се огласуваат на оваа тема, а инаку заедно го имаат нивниот син Матија на кој максимално му се посветени.

Откако пред три месеци, се разведе од водителот, Данијела е поактивна на Инстаграм каде често споделува фотографии.


 Таа ја осветли косата и се посвети на себеси, на нејзиниот изглед и работата, секако и синчето.




Данијела и Огњен покажаа дека се зрели луѓе кои заеднички сфатиле дека завршила љубовта и дека во случајов разводот е здравата опција.