Крај по 10 години љубов: Данијела Димитровска и Огњен Амиџиќ објавија дека се разведуваат
Огњен Амиџиќ и Данијела Димитровска преку заедничка изјава објавија дека се разведуваат по десет години брак.
Познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и манекенката со македонско потекло, Данијела Димитровска, објавија дека се разведуваат со заедничко соопштение и додадоа дека повеќе нема да се огласуваат на оваа тема.
- Сакаме да ве информираме дека решивме да се разделиме, а одлуката за развод ја донесовме заедно. Ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син и во оваа прилика повеќе нема да се огласуваме и да даваме изјави. Нашиот развод не е по вина на трето лице, па нема простор за дополнителни шпекулации. Им благодариме на сите медиуми за досегашната соработка и бараме да ја почитувате одлуката да не се зборува на оваа тема - велат во заедничката изјава.
Овој брачен пар важеше за еден од најхармоничните на српската јавна сцена, а плод на нивната љубов е синот Матија на кој родителите му се максимално посветени.
Интересно е што Огњен и Данијела се запознале во 2009 година за време на снимањето на неговата авторска емисија „Амиџи шоу“, а во тоа време и двајцата биле во брак. Сепак, веќе следната година почнаа да се појавуваат заедно и да потврдуваат дека се во врска.
- Со Данијела се запознавме во емисијата и таа ми остави фантастичен впечаток. Не сум класичен романтичар на очекуваниот начин со цвеќе и појадок во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, но Данијела многу повеќе реагира на оние работи кои не се материјални - истакна еднаш Огњен.
Огњен во една прилика рече дека се заљубил во сопругата уште пред да ја запознае. Ја видел нејзината фотографија во весник и рече дека за него таа била најубавата жена на светот.
извор:GLOSSY