Кога се запознале - двајцата биле во брак: Вака започнала романсата на Огњен Амиџиќ и Македонката Даниела Димитровска
Многу е интересно што во моментот на нивната прва средба и
двајцата имале партнери, односно биле во брак.
Водителот Огњен Амиџиќ и манекенката Даниела Димитровска уживаат во љубовта што ја одржуваат и денес. Од неа се роди Матија. Интересно е што тие двајца се запознале на снимањето на шоуто на Огњен во 2009 година.
Тогаш и двајцата биле во брак, но следните неколку години почнле да се појавуваат заедно и да нагласуваат дека се во врска.
- Со Даниела се запознавме во емисија и таа ми остави фантастичен впечаток. Не сум класичен романтичар на таков некако очекуван начин во поглед на цвеќе и појадок во кревет, но тоа го покажувам на мој начин. Секако, сакам да ја изненадам со подарок, сепак, Даниела многу повеќе реагира на оние работи кои не се материјални - истакна во една прилика Огњен.
Амиџиќ исто така призна дека бил заљубен во манекенката уште пред да се запознаат:
- Се заљубив во Даниела кога првпат ја видов нејзината фотографија во весник. За мене таа е најубавата жена. Секако, бев свесен во што се впуштам, но таа е навистина посебна и различна и некој што знае добро да се однесува. Таа има цврст и коректен став и никогаш не ме ставила во непријатна ситуација - изјави еднаш Амиџиќ и додаде:
- Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, тоа е рецепт сам по себе, а во нашиот брак нема кризи. Сепак, се‘ што се случува во животот не може секогаш да оди во права линија, има подеми и падови, но ако до вас е вистинската личност, тогаш според приоритетот и разбирањето на се‘ работите се решаваат сами по себе. Ако се работи за личност со која можете да функционирате, со која сте направиле се‘ и кон која чувствувате нешто, тоа е автоматски приоритет и се друго си доаѓа на свое.
Фото: Инстаграм
Фото насловна: Youtube -screenhoot - Blic
Тој ѝ ја посвети песната „Македонка“: Даниела Димитровска искрено за бракот со Огњен Амиџиќ