Селена Гомез дизајнира за COACH
Пастелни бои и чипка. Убаво и женствено!
Покрај многуте професионални ангажмани, Селена Гомез сега е подготвена да дизајнира за Американскиот бренд „COACH“. Модната куќа заедно со Селена Гомез, ја најавија својата соработка Selena Gomez x Coach за оваа есен, којашто ќе вклучи алишта, чанти, мали кожени асесоари и др. На својот Инстаграм профил, познатата пејачка Селена објави дека во нејзината втора соработка со Coach ќе биде вклучено и дизајнирање на алишта, каде воедно и го изрази своето воодушевување дека ќе соработува со Стујарт Веверс.
Гомез, внимателно ги одбира модните парчиња со креативниот директор Стујарт Веверс, каде воедно е внесен и нејзиниот личен стил во новите парчиња. Секое парче, е дизајнирано со посебно внимание и креативен final touch, каде воедно го презентира и нескротливиот, самоуверен феминистички карактер. Од она што можеме да го видиме од Инстаграмот профил на Гомез, станува збор за пастелни бои и чипка. Убаво и женствено!
„Да се работи со Стујарт, и притоа да се создаде една колекција е доста забавен процес, и едвај чекам да им покажам на своите фанови што се работевме во текот на изминатите месеци“ – изјави Селена.
„Секогаш се радувам кога треба да соработувам и да дизајнираме нова колекција со Селена Гомез, бидејќи таа секогаш знае што сака и има одличен поглед кон нештата. Сакавме да внесеме нови свежи кул идеи во колекцијата, а таа со особено задоволство ги прифати сите модни предизвици“