Селин Коксал, менаџер за маркетинг и продажба во „Лимак Скопје“: „Diamond of Skopje“ ќе биде новиот шарм на градот

Добивај вести на Viber

Енергична, решителна и секогаш насмеана. Ова е првиот впечаток за Селин Коксал, менаџер за маркетинг и продажба на Diamond of Skopje. Во Скопје е веќе една година.

Селин го стекнала своето образование во областа на комуникациите на Универзитетот Мармара, а потоа магистрирала во истата област на Универзитетот Сорбона во Париз. Својата кариера ја започнува во доменот на комуникациите, но подоцна се префрла во бизнисот со недвижнини, станувајќи исклучително успешен професионалец во продажба на станови во  големи премиум проекти во елитни населби во Истанбул. Имала можност да работи во странство, а сега го користи нејзиното огромно искуство работејќи на уникатниот проект во нашата земја Diamond of Skopje.

  Живеете и работите во Скопје извесно време. Што беше мотивот да дојдете од Турција?

- Родена сум во Турција, каде и израснав, но семејството од страната на татко ми има потекло од Велес и Прилеп. Па така, идејата да живеам во земјата од каде што се моите корени секогаш ми делуваше привлечно. Оваа желба ми се исполни благодарение на мојот професионален ангажман.

Во бизнисот со недвижности сум скоро 20 години.Имав можност да живеам и работам во  странство, во Париз, Лос Анџелес, Алжир. Навикната сум да работам на различни проекти, во различни култури, надвор од мојата родна земја. Сакам предизвици и никогаш не ми претставувало проблем да се преселам во друга земја доколку станувало збор за интересен и уникатен проект. Па, кога слушнав за Diamond of Skopje, мултифункционалниот комплекс што го гради турската компанија „Лимак“, веднаш ме освои оваа можност. За мене е огромна привилегија и чест да работам на овој уникатен проект и да бидам дел од тимот на Diamond of Skopje. Се разбира, тоа што добив прилика да живеам во Македонија беше „шлагот на тортата“.

  Diamond of Skopje е сместен во центарот на градот, кои се новите содржини кои ќе ги понуди?

- Навистина сум возбудена за Diamond of Skopje затоа што е единствен проект што обединува различни компоненти. Нуди станбен простор кој се одликува со комфор, комоција и мир, во опкружување исполнето со голем број разновидни содржини кои ги задоволуваат потребите на модерниот начин на живеење.

Приземјето на комплексот е наменето за културни активности како уметнички галерии, продажен простор, отворен изложбен простор, кои ќе придонесат кон создавање нова културна област во градот, како и можности за младите уметници. Тука се и терасите на кафулињата и рестораните кои се отворени кон надворешноста и кон центарот на градот. Овие елементи овозможуваат комплексот да се интегрира со останатиот дел од градот, а архитектонскиот дизајн обезбедува интеракција преку полу-отворените и отворените делови.

Diamond of Skopje го сочинуваат 4 станбени кули, трговски центар со простор за забава од 7.000 квадратни метри, луксузен хотел со пет ѕвездички, како и голема површина со зеленило. Значи, дизајниран е на начин кој овозможува безброј можности за рекреација, забава, дружење, шопинг. Навистина ве става во центарот на најдоброто што Скопје има да го понуди, без разлика дали барате место за средба со деловен партнер, место за уживање во одлична храна и пијалаци со пријатели или место за шопинг и разонода со семејството.

  Значаен дел од комплексот се кулите, односно станбениот простор за кој има голем интерес. За каков простор за живеење станува збор?

- Да, има голем интерес за становите, штотуку почнавме со продажба на становите од третата кула. Тие нудат комфор благодарение на исклучителниот архитектонски дизајн и врвната изработка, како и употребата на високо-квалитетни материјали во изградбата. На пример, специјалните алуминиумски рамки за вратите и прозорците со двослојно калено стакло овозможуваат топлинска и УВ изолација и заштеда на енергија, сите внатрешни ѕидови се изработени од лесни бетонски блокови и обезбедуваат тишина и приватност за станарите. Дополнително, високо-квалитетните градежни материјали обезбедуваат и висока енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Големото искуство и експертиза на „Лимак“ во изградбата на комплексни и структурно комплицирани градежни проекти е гаранција дека се применети највисоките стандарди во градежништвото, како во однос на квалитетот, така и во однос на безбедноста. Секој стан има тераса и прекрасен поглед на Водно или на северниот дел од градот.

Дополнително, особено сме горди на зелените површини што се достапни за станарите, како и заедничките тераси со градини и зеленилото на крововите, кои ќе го намалат ефектот на „топлински остров“ во урбаниот центар. Се потрудивме да обезбедиме целосна добросостојба за станарите, па покрај зелените зони за спортување и рекреација, тие можат да користат и специјализирани простории за вежбање.

На крај, но не помалку важно, како дел од Д-плус концептот што го воведовме, станарите може да имаат пристап до комплетно опремени приватни простории за видео игри, кино, за музика и караоке за забави, како и простор за пилатес. Има многу предности за оние што ќе одберат да живеат тука.

  Вие сте веќе една година во земјава, кои се вашите омилени места?

- За жал, имам помалку време за истражување на земјата од што би сакала. Ги посетив местата од каде што потекнува моето семејство и тоа беше емотивно искуство за мене. Морам да го спомнам Охрид и спектакуларната убавина на езерото. Толку е мирно, бистро и убаво под височините на Галичица. Импресионирана сум од архитектурата на Охрид и од богатата историја и култура. Има толку многу тесни поплочени улички за истражување, со уникатно богатство зад секој агол. А прекрасните ресторани покрај брегот овозможуваат врвно искуство.

Живеам во Скопје и многу ми се допаѓа тоа. Кога ќе споредам со други градови каде што сум живеела, Скопје е помирен, полесно се стигнува секаде. Помал град е, но токму тоа ми се допаѓа, не треба да поминеш многу време во сообраќај. Има и одличен избор на места за уживање во храна и пијалак, што е многу важно за некој што се доселил во градот. Луѓето се многу пријатни и љубезни и особено ми се допаѓа тоа што можам да уживам во природа, доколку одам на Водно или Матка. Реткост е да имате шума или планина толку блиску до градот. Бев фасцинирана од фактот што најдлабоката подводна пештера во светот се наоѓа во кањонот на Матка. Тоа е толку посебно, а толку лесно достапно. Исто како Водно. Ги обожувам пешачките патеки. Редовен посетител сум на Водно. Овозможува одлична можност за спортување и рекреација на отворено, прекрасна природа и погледот на Скопје е преубав кога ќе стигнеш на врвот. Би рекла дека Водно ми е омилено место.

Исто така го сакам и Limak Skopje Luxury Hotel. Редовно го посетувам спа-центарот и се опуштам после напорната работна недела.

  Имаме слична кујна, во кои јадења уживате?

- Толку многу уживам во македонската храна. Посебно сакам ајвар и свежи овошје и зеленчук. Бурекот ми е исто така меѓу омилените.

Сакам да јадам благо, па тулумби, кадаиф и баклава се десертите што би ги издвоила и драго ми е што се тие дел и од македонската и од турската кујна.