Семејно во Маврово: Тамара Тодевска знае како да ужива
Доколку ситуацијата беше нормална и доколку животот се одвиваше како до пред почетокот на пандемијата, музичарите наголемо ќе беа во клубовите, кафулињата, концертните арени и предновогодишно ги забавуваа своите обожаватели. Но, за жал тоа не е така, па многу пејачи овој принуден одмор го искористија за да уживаат со семејството.
Една од нив е и пејачката Тамара Тодевска, која деновиве заедно со сопругот Александар, ќеркичката Хана и синот Дарен, ужива во убавините на Маврово. Оттаму постојано споделува видеа и фотографии од нивните авантури и на своите следбеници и дозволува барем за момент да ѕирнат во нејзинито секојдневние.
Денот е резервиран за игра во снег и прошетка, а вечерите за настапите на Хана. Имено, Тамара сподели интересно видео од својата наследничка, која на видеото танцува и пее, а воедно и се „бори“ за кадар со нејзиниот помал брат Дарен.